„Кобалт синергија“ е насловена изложбата која ќе се отвори утре (23 февруари) во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ). Ќе бидат изложени 25 дела од уметникот Венко Цветков, ќе има проекција на видеоролна и две видеоарт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај, матурант во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“.
Во содржината на видеоролните се и концепциските опсервации во вид на...
Популарната комична опера во 2 чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини ќе биде изведена на 2 март со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
Операта раскажува приказна за победата на младоста и за љубовта. „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко може да се...
На 29 фебруари, во четврток, во Театар Комедија ќе се изведе претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ.
Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет...
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен “Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија.
На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“...
Во Македонскиот народен театар започнаа подготовките за претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.
Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли...