Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

0
169
Reklama

„Кобалт синергија“ е насловена изложбата која ќе се отвори утре (23 февруари) во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ). Ќе бидат изложени 25 дела од уметникот Венко Цветков, ќе има проекција на видеоролна и две видеоарт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај, матурант во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“.

Во содржината на видеоролните се и концепциските опсервации во вид на записи на третиот учесник во проектот, Корнелија Буклеска, новинарка и главна уредничка на редакцијата за култура и уметност при Македонско радио.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе даде проф. Владимир Величковски.