За нас

0
1188

Радиото УРБАН ФМ е нов и свеж звук во скопскиот етер. Со својата уредничка и програмска ориентација, нашето радио се стреми да биде лидер на мапата најпопуларни регионални радија. Ние емитуваме програма во периодот од 24 часа од кои во живо со водители се емитуваат 14 часа на македонски јазик. Урбан ФМ Радио е единственото радио кое емитува исклучиво новоизлезена македонска забавна музика. Покрај музиката емитуваме редовно вести, говорни емисии од информативно-забавен карактер, промовираме настани од културата, корисни совети и актуелни теми од сите области на нашето живеење. Ваквата програмска ориентација ја таргетира најмладата структура на слушателите, односно онаа најпродуктивна структура во општеството.