Новото издание на емисијата Урбан Фреш Рилис од денес е во етер. Ја промовираме новосоздадената македонска забавна музика објавена изминатата недела. Во ова изданние се најдоа следните песни и изведувачи:
1. ДНК и Врчак - Посреќна
https://www.youtube.com/watch?v=u5pG-jAqs-I
2. Дина Јашари - Не сум твој сон
https://www.youtube.com/watch?v=GEXSyBiimwY
3. М&M - Мама
https://www.youtube.com/watch?v=X4DRwWpDqRw
4. Мелани Тарчуловски - Камерон
https://www.youtube.com/watch?v=ZV2mYBOJ9xQ
Од денес во термините 18, 20 и 22 часот, од понеделник до четврток на најурбаната фреквенција во Скопје 90.8 и нашиот YouTube канал стартува нова радиска и видео приказна... LIVE
Време е за Урбан ФМ live подкасти!
Со особено задоволство Ве информираме дека Урбан ФМ Радио е Генерален покровител на овогодинешното 38-мо издание на Макфест.
Оваа година, најреномираниот фестивал на забавни мелодии Макфест ќе се одржи на 20-ти и 21-ви октомври 2023 година, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. На фестивалот годинава ќе настапат Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Љубојна, Ламбе Алабаковски и Полина, Бојана Скендеровски,...
Во последното издание емисијата Скопје се буди со Марија гостин беше Дарко Андонов. Дарко ја промовираше неговата последна песна "Мојот свет" која беше дел од претпоследното издание на „Урбан Фреш Рилис“.
Денес во живо во емисијата Урбан Драјв ќе гостува Тамара Стојковска. Марко ќе биде домаќин, а ќе ја промовира песната „Не е до мене“ која е дел од најновото издание на „Урбан Фреш Рилис“.