Утре во 21 часот на платото пред црквата Св.Софија, во склоп на годинешното издание на Охридско лето, ќе се одржи шпанска вечер со настап на тенорот Акилес Мачадо од Венецуела и Андреја Наунов на пијано.
Акилес Mачадо е роден во Баркисимето (Венецуела) и започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот...
Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре, 25 јули (четврток), со почеток во 12 часот во Сули ан ќе се одржи промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска.
Промотори на настанот се проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.
Вечерта пак, со почеток во 20:30ч. во Музеј на македонската...
Со настапот на Македонската Филхармонија заедно со Џулијан Рахлин како диригент/виолина, во петок на 12 јули 2024 година, во Античкиот Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, свечено ќе биде отворено 64-то издание на манифестацијата „Охридско Лето“.
Џулијан Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, Шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на...
Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.
Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека...
Согласно решението од Министерството за култура потпишано од Зоран Љутков, новиот министер за култура, в.д. директор на Македонскиот народен театар (МНТ) од денеска е Никола Кимовски.
„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијта директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“, информираат од театарот.
Кимовски уште денеска ќе започне да ја извршува својата должност како директор на националната установа МНТ.