Reklama
Поп пејачката Ивона Јо, денеска во кафе барот Мартини на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Друго“.
Пејачката имаше промоција на песната и спотот пред нејзините фанови, естрадни пријатели и новинарите.
„Друго“ е песна на која Ивона работела шест месеци. Како композитор и аранжер се потпишува Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова, режијата на спотот е на Мартин Трајановски, а камерата и видео монтажа на Били.