Голема ретро забава “Forever Young 2024”

0
382
Reklama

На 22-ри април со почеток во 21 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи веќе традиционалната ретро-забавата „Forever Young“. Забавата е инспирирана од првата полноќна диско забава во диско Огниште, со која градот Скопје почна да живее нов полноќен живот.

Според огранизаторот датумот на одржување е одбран бидејќи е привиот ден на пролетта, но и верскиот празник Младеници, што се совпаѓа со насловот на забавата „Вечно млади“, но и со мотото на овогодинешното издание „За Генерациите кои пораснаа но никогаш не стареаат“.

Влезниците се пуштени во продажните места: онлајн на www.kupikarta.com, Цвеќара Розе Веро 2, Тобако кај Симпо, Ј.К.Травел во Т.Ц.Бисер Аеродром и продажните места на Литература.мк.