Поетско музичка вечер по повод светскиот ден на џезот

0
285
Reklama

В петок (26 април) од 20 часот, во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот.

Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор. Поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност.

Настанот е поддржан од Европска куќа во Скопје. Поетско-музичката вечер е во рамките на Студентската уметничка пролет како завршна вечер на овој настан.