„Молитви на моето тело“ вечерва на Танц фест Скопје

0
135
Reklama

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ е вечерва (23 април) на програмата на Танц фест Скопје, а ќе се изведе од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). Со оваа претстава завршува програмата „Паралели”.

Претставата е инспирирана од истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање“, Адријана Данчевска-Ровчанин, на музика на Александар Гроздановски („Преплетување) и Саша Евтимова, на музика на Александар Пејовски („Вознес”).

Идејата за проектот е на Александар Ношпал, кој е и костимограф, а драматург е Соња Здравкова-Џепаровска. Сценографијата ја потпишува Михајло Стојановски, визуелен уметник е Флоријан Чанга од Албанија, видеоанимациите во циклусот „Вознес” се на Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн на Лазе Трипков, а стиховите ги чита Никола Ристановски.

Премиерата беше на 20 декември 2023, во годината кога се одбележуваа 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.