Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

0
49
Reklama

Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.

Наградата, која е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка на семејството на Николова, ќе се доделува секоја година, а право на учество имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. Задолжително се доделува само на еден ракопис – роман за деца и млади од пристигнатите ракописи на конкурсот.

На изборот можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за деца и млади, во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници), што ќе ги достават самите автори по електронска пошта на е-адресата konkurs@arslamina.com, како Word или PDF-документ со назнака: за конкурсот „Оливера Николова“.

Конкурсот не е анонимен, учесниците треба да ги праќаат ракописите од активна електронска адреса. Во пораката треба да бидат напишани името и презимето на авторот на ракописот, по можност и телефонски број за контакт.

Во жири-комисијата за наградата „Оливера Николова“ за 2025 година се:  Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетска професорка) и Јагода Михајловска-Георгиева (писателка). Одлуката за првиот добитник ќе биде објавена во септември 2025. На посебен свечен настан во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде врачено признанието.

Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.