Францускиот институт во Скопје денес, четврток 13 март, во 18 часот во своите простории ќе ја отвори изложбата „Кога ги следевме сенките“ и уметничка средба со Наташа Неделкова, докторантка во Париз.
„Во Велес, се издигаат црни планини, извајани од олово и цинк. Опипливи сенки на индустриската историја кои се мешаат со понеопипливите сенки на медиумската илузија За изложбата ‘Кога ги...
Македонскиот народен театар на 3 април ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со мултимедијалната претстава „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ во режија на Дејан Пројковски. На тој ден МНТ ќе прослави 80 години од првата претстава и изговорена реплика во 1945-та – премиерата на „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во...
На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на фестивалот „Земјотрес“, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари.
На „Земјотрес 13“ ќе настапи дел од најмладата и надоаѓачка музичка сила на бендови, соло изведувачи и електронски музичари, некои од нив...
„Некој ме гледа романтично“ е традиционален љубовен концерт кој ќе се одржи во четврток, 13.02, со почеток во 20 часот. На програмата е „Балет за Марта“ од балетот „Пролет на Апалачите“ од Арон Копланд, Три танцови епизоди од балетот „Од градот“ од Леонард Бернштајн и арии од љубовната опера „Порги и Бес“ за сопран, баритон, хор и оркестар од...
Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24 издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025.
Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран...