Најавено новото издание на Д Фестивал

0
64
Reklama

Денеска, точно на пладне започувна со продажба специјалната промотивна акција на билети РАН КОРМОРАН во ограничен број од 300 билети за овогодишното, четиринаесето издание на Д Фестивал!

Најповолната цена на фестивалските билети е секогаш резервирана за верните фанови на Д Фестивал, спремни први да се впуштат во акција:

  • 1200 ден. – тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма)
  • 1300 ден. (тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма + камп место).

Официјален слоган на овогодинешното издание – #LoveSpreads! Ширете го чувството на љубов, заедничката радост и припадност, бидејќи знаеме дека Љубовта е она што нè поврзува и прави нашите срца да чукаат посилно.

Со нетрпение го чекаме летото за да се сретнеме повторно и заедно да ја креираме новата магична фестивалска приказна од 28 до 30 јуни!

Купете ја својата влезница уште веднаш на dfestival.mk/vleznici или преку продажната мрежа на МК Тикетс.