КИЦ – Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона.

0
225
Reklama

Културно информативниот центар – Битола најави дека со два меѓународни концерти денеска и утре се затвора летната концертна сезона.

Првиот, кој ќе се одржи вечерва (29 август) од 20 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом, е насловен „Птиците се враќаат“, на кој ќе настапи виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано. Концертот е во организација на КИЦ – Битола во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје.

Вториот концерт насловен „Токио носталгија проект“ ќе се одржи утре во 20 часот во Свечената сала на Офицерски дом. Од КИЦ – Битола велат дека концертот на едно место ќе собере исклучителна меѓународна екипа на музичари на кои заеднички им е интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓу традиција, амбиентална и world music.

На концертот ќе настапат Јордан Костов на хармоника, Гензо Такехиша на пијано, Хисао Фукушима на гитара, Андреас Гунтер на саксофон (Германија), Шин-ја Оно на гајда, Нао Изука на флејта и вокал и Дамјан Грујо на перкашн.

Од КИЦ-Битола за следниот период најавуваат и богата есенска понуда.