СПФ распиша повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #2“

0
135
Reklama

Скопски поетски фестивал (СПФ) распиша повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #2“ во рамки на третото издание на поетскиот фестивал кое ќе се одржи во периодот од 24 до 28 септември.

Повикот е отворен за млади од 16 до 25 години, а заинтересираните треба да испратат две свои песни и куса биографија на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 10 септември.

„Како и минатата година, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците што ќе настапат на поетското читање „Отскочна даска #2“, а вие меѓу себе ќе го одберете најдобриот, односно, ќе изгласате кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на третото издание на СПФ и ќе чита заедно со другите повозрасни и етаблирани поети“, посочуваат организаторите на фестивалот.

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 17 септември на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 24 септември, со почеток од 20 часот.

Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 27 септември.