Дигитал или аналог!?

0
244
Reklama

Оваа година Д Фестивал имаше богата програма. Покрај онаа носечката што вклучуваше распоред (line-up) на настапи на кои настапија преку 50 музички бендови, постоеа и споредни секции што ја збогатија главната програма на фестивалот во дневните часови.

Една од секциите наречена Плошарт, вклучуваше распоред на панел дискусии на кои учествуаа активисти, македонски творци и музички професионалци.Темите на овие панел дискусии беа различни, но секако во контекст на уметноста, музиката и она што ги интересира пред се младите луѓе.

Една од панел дискусиите беше насловена како „Дигитал или аналог!?!?“.

Публиката на оваа панел дискусија имаше можност да го слушне искуството на Леон Шумански (менаџер и одговорен за маркетинг сегментот во колективот Гола Планина) и изведувачот и инструменталист (виолинист) Петар Маркоски за прашата поврзани за вредностите на дигиталната дистрибуција на музика и онаа физичката дистрибуција на носачи на звук, како и прашања поврзани со промоцијата и маркетингот на дистрибуираната музика.

Заклучоци и препораки

Главните заклучоци и препораки од оваа панел дискусија што ги забележавме ние, се следниве:

  • и дигиталната дистрибуција на музика и физичката имаат свои предности и недостатоци. Но со сигурност може одлично се надополнуваат и комбинираат.
  • според одговорот на публиката (околу 40-тина присутни):
    • половина (¬50%) го користат Спотифај (Spotify) како сервис за преслушување музика и од прилика сите овие корисници плаќаат месечна претплата за овој сервис.
    • само неколку од присутните се изјаснија дека го користат сервисот Бендкамп (bandcamp.com) за преслушување музика и приближно истиот број луѓе се соочиле со проблем при обид да купат музичко издание на овој сервис со кредитна картичка од некоја од македонските комерцијални банки.
    • некаде помеѓу 30% и 40% се изјаснија дека го користат сервисот Јутјуб (YouTube) за преслушување музика
  • постојат неколку различни пристапи за дигитална дистрибуција на музика што вклучува: директно поставување на музиката на сервиси како SoundCloud, BandCamp и YouTube, поставување на музички изданија на сопствен вебсајт од каде таа може да се преслуша и превземе или доколку музиката треба да се најде на сервиси како Spotify, Apple Music, Amazon i други популарни сервиси за преслушување музика, неопходно е да се користи сервис за дигитална дистрибуција на музиката како што се CD Baby, DistroKid или TuneCore.
  • Сервисите за дигитална дистрибуција на музика покрај тоа што овозможуваат да се дистрибуира музиката на повеќе сервиси за преслушување музика со минимален напор, тие нудат и дополнителни сервиси поврзани со монетизација на музиката врз основа на разни видови изведувачки и други права.
  • Дистрибуцијата на музиката е важна но клучна улога во создавањето на фановите и слушателите е во континуирано креирање на квалитетна содржина што ќе се дистрибуира и објави преку модерен дигитален формат како што е на пример кратко видео (Reels) на некои од социјалните мрежи како Instagram и TikTok.
  • Креирање познанства и практикување добра и коректна комуникација може да донесат многу можности. Едно такво искуство на Петар со Фејсбук страна што брои милионски следбеници, му помогна тој да ја зголеми својата популарност како изведувач-инструменталист и неговиот Инстаграм (Instagram) профил да го нарасне со следбеници кои се бројат во милиони за само неколку месеци.
  • Форматот и техничката перспектива (вклучително и SEO сегментот) на објавувањето е важна, но континуитетот и посветеноста во објавување содржина и семантиката на објавената содржина е многу поважна. (Data is King)
  • Доколку не знаеш од каде да почнеш со промоцијата на сопствената музика, следи ги и учи од успешните кои го прават она што сакаш и ти да го правиш.