Велес Фестивал – Фестивал на Jazz, World и Современа музика

0
133
Reklama

Оваа година, “АРТ ГЕНЕРАТОР” е организатор на фестивалот за “Џез, World и Современа музика” по втор пат.
Фестивалот е основан и финансиран од Општина Велес.
Карти можете да купите вo градска пивница Pub и Tarantino Pub во Велес и Глуво Куче / Gluvo Kuche во Скопје и непосредно пред и за време на фестивалот на билетара на Театар Ј.Х.К – Џинот.
Цената на картата е 200ден.
Цената на блок карти за 3 дена е 450ден.
Нека звучи Велес поубаво!

Програма:
Петок 01.09.2023
🟠 Reel Problems – Хрватска
Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сала.
Почеток: 20:00 часот.
🟠 Бојан Чакра – Vinyl DJ set
🟠 Борче Конзулов – Видео мапинг
Паркинг Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
Сабота 02.09.2023
🔶 КЕМ
🔶 Пијан Славеј
Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сала.
Почеток 20:00 часот.
🔶 Андреја Салпе – DJ set
🔶 Борче Конзулов – Видео мапинг
Паркинг – Театар Ј.Х.К – Џинот -Велес
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
Недела 03.09.2023
🟧 Dine Doneff Nered music Trilogie in Veles
I.
“Spomen” (Kosturnica)
Спомен Костурница Почеток: 18:00 часот.
II.
“Suite Yedi”
Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сала. Почеток: 20:00 часот.
III.
“SADI JADI”
Театар Ј.Х.К – Џинот – Велес – Голема сала. Почеток 21:00 часот.
🟧 Aspirin Moon – Slam poetry
🟧 Театар Сенки и облаци – Визуелен перформанс
🟧 Борче Конзулов – Видео мапинг
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
Среда 06.09. 2023
Изложба:
🟠 Nered music label (Отворање на уметничка изложба) Почеток:19:00 часот
Музички перформанс:
🟠 Бојан Петков – Шамба – Гитара & лупер
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
Среда 13.09.2023
Изложба:
🟠 Nered music label (Затворање на уметничка изложба) Музички перформанс:
🟠 Dine Doneff – Guitar, Drums, Double bass
Јордан Костов – Хармоника
▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️▪️
Фестивалот ќе трае 5 дена од 01-ви до 13-ти септември. На наша голема среќа уште второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија.
Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “Reel Problems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин.
Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”.
Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.
(13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.
Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес.
Спонзори и помагатели:
Tеатар Ј.Х.К Џинот – Велес, Делта – Пром, Europe House Veles, Симит Петрол, РСТ Електрика, Агриа, Infinity Graphics, Printline Pro, Skill Up, Under Consulting, Ve oil.