По повод 8 Март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот што ќе се одржи на 8 Март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот, ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат...
В четврток (7 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Сила“. Како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба и Лео Рондон на гитара, и двајцата од Венецуела, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Шпанија.
На концертот ќе се изведе симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е Пачо Флорес, кој е посветен на аргентинскиот...
Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули ан, со макстерклас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.
Истиот ден, во Чифте амам свечено ќе биде отворена изложбата на ADI Design Museum, посветена на 140 години од првото издание...
Младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Софија Тодоровска и Дамјан Златановски ќе читаат на второто издание на серијалот книжевни читања за млади – „Клинци“.
Читањето ќе се одржи во петок (1 март) во скопската Европска куќа (Europe House Skopje) со почеток во 20 часот, а под слоганот „Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат ‘Порано младите беа подобри…’“.
Покрај книжевните творби,...
Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска.
- Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко - женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни...