На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на фестивалот „Земјотрес“, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари.
На „Земјотрес 13“ ќе настапи дел од најмладата и надоаѓачка музичка сила на бендови, соло изведувачи и електронски музичари, некои од нив...
„Некој ме гледа романтично“ е традиционален љубовен концерт кој ќе се одржи во четврток, 13.02, со почеток во 20 часот. На програмата е „Балет за Марта“ од балетот „Пролет на Апалачите“ од Арон Копланд, Три танцови епизоди од балетот „Од градот“ од Леонард Бернштајн и арии од љубовната опера „Порги и Бес“ за сопран, баритон, хор и оркестар од...
Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24 издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025.
Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран...
На 14 февруари во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, а режија Александар Текелиев. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, за костимографијата се погрижи Лира Грабул, Климент Тодороски како концерт-мајстор, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во главната улога ќе настапи Сандра Митровска,...
Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер.
Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со...