„Home alone“, последниот сингл на Јана Бурческа

0
273
Reklama

На 11 април 2023 година во Аудиокултура беше одбележано раѓањето на новиот сингл на Јана Бурческа. Песната се вика „Home alone“.

Одлична музика чии ритам ме потсетува на Аменот и уште подобра лирика. Приказната за стравот ме потсети на детството кога се плашев од темнината во подрумот од куќата во која живеев секогаш кога се враќав дома од играње, а надвор веќе беше смрачено.

Стравот е емоционална реакција од нешто опасно, што некогаш е добар одбранбен механизам за да не настрадаме. Но претераниот страв на човека би можел да ја превземе контролата над неговиот живот, афектирајќи ја способноста за јадење, спиење, концетрирање, патување и генерално за уживање во животот. Решението за надминување на стравот, некогаш е да се соочиш со сценариото што тој го предизвикува.Музички автор и музички продуцент на песната е Драги Иванов кој како аудио инженер има многу интересно музичко портфолио. Откако се види музичкото портфолио на Иванов, не е тешко да се заклучи зошто битот на оваа песна има хип хоп, трип хоп основа. Но Иванов успеал да го омекне и заедно со останатите инструменти и звуци во песната да добијат финиш прифатлив за голем број слушатели, а сепак тоа да не звучи евтино.