Reklama
Шеснаесет години по нивниот хит „Слаба точка“, Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно се здружија и снимија нова песна со наслов „Адреналин“. Двајцата музичари, овој пат музички позрели, но со иста енергија и страст, најавуваат современ поп-звук што ветува вистински хит.
Премиерата на „Адреналин“ е закажана за сабота, 1 ноември 2025 година, во 15 часот. Веќе е објавен краток тизер кој може да се погледне на нивните социјални мрежи, а фановите со нетрпение ја очекуваат новата колаборација што, според првите реакции, ќе внесе свежа енергија на домашната музичка сцена.
Погледенте го тизерот тука.


