Шесто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2024“

0
153
Reklama
Почнувајќи од денес па се до 18 мај 2024 година, ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера 2024.

Оваа година земја во фокус на Литера ќе биде Турција со претставување на извонредни илустратори и автори на книги за деца од оваа земја.

Во рамките на фестивалот за прв пат ќе се организира Саем на литература за деца каде македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа ќе се организираат средби со автори, промотивни активности, работилници, мастеркласови и панел дискусии на интересни теми.

Идејата зад слоганот ,,Летаме заедно’’ е дека со помош на книгите летаме до најголемите височини.
Литера секоја година носи врвни имиња и од светот и регионот, носи свежина и нови трендови и што е нјаважно носи квалитет, ја едуцира публиката и таа веќе препознава што значи квалитетна приказна и илустрација.

Ве очекуваме да ни се придружите на ова издание на Литера каде заедно ќе создаваме магични моменти кои ќе ни бидат инспирација за следната Литера, се вели во објавата од организаторот.