Прославуваат роденден на ист ден

0
293
Reklama

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс, кои се во среќен брак повеќе од две децении, се подготвуваат за двојна прослава бидејќи и двајцата го одбележуваат својот роденден на 25 септември.Таблоидите потсетуваат дека денес ѕвездата родена во Велс наполни 54 години, а нејзиниот сопруг 79.

Љубовната приказна на Мајкл и Кетрин почна во 1998 година кога тој ја виде велшката убавица (која тогаш имаше 29 години) во улогата на енигматичната Елена Монтеро во филмот „Маската на Зоро“. Тој подоцна му кажа на својот публицист да организира средба помеѓу нив.

„Ја запознав во бар и бев тотален џентлмен“, му рече Мајкл на Џонатан Рос за време на гостувањето во неговата емисија во 2016 година. Актерот – кој имал 54 години кога се запознале – не можел да чека, па решил самиот да направи потег подоцна таа вечер дрско велејќи ѝ на актерката: Знаеш, јас ќе бидам татко на твоите деца“.

Но, Кетрин не била заљубена во актерот од „Ниски страсти“ (Basic Instinct). Таа одговорила: „Слушам многу за тебе и гледам многу за тебе и мислам дека е време да кажам добра ноќ“.Сепак, шармот на холивудскиот актер беше пресуден, парот се сврши на новогодишно патување во домот на Мајкл во Аспен, Колорадо, во 1999 година, а следната година тие се венчаа.