Синоќа, фолклорната секција и оркестар на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ изведоа два сплета на народни игри и ора, а настапија и солистите Мирослав Крстески, Ѓурѓица и Јовица Николоски.
Празнувањето на Денот на независноста продолжи со програма во центарот за култура на која свој концерт имаше Влатко Стефановски трио. Организаторот на концертот НУ Центар за култура АСНОМ, на Стефановски му врачи плакета за неговото полвековно творештво.
Здружението на борци и граѓани продолжувачи на традициите од НОАВМ со собир и положување на цвеќе го одбележа празникот пред платото на споменикот на паднати борци во градскиот парк. За значењето на Денот на независноста беше прочитан и пригоден реферат.
На поглавните сообраќајници и повеќето институции се истакнати државното и знамињата на заедниците кои живеат во општина Гостивар.