Поетско читање „Музички песни“ од Владимир Мартиновски во МКЦ

0
86
Reklama

Во рамките на изложбата „Звучни слики“ која беше отворена минатата недела во Младинскиот културен центар, утре (14 март, четврток) со почеток во 18 часот ќе се одржи поетско читање „Музички песни“ (за деца и возрасни).

„Владимир Мартиновски, авторот за изложбата, ќе чита избор од песни од неговите книги за деца ‘Шах со Бах’ и ‘Хор од задниот двор’ и за возрасни ‘Квартети’ и ‘Пред и по танцот’, со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката“, се вели во најавата.

Читањето ќе биде во Галеријата на МКЦ каде е поставена и изложбата.