Мастерклас на италјанскиот дизајнер на играчки Лука Боскардин во Сули ан

0
57
Reklama

На 14 март се отвора манифестацијата „Денови на италијанскиот дизајн“ во чии рамки од 10 часот во историскиот објект Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин.

Освен што е дијазнер на играчки, Боскардин е и талентиран илустратор, кој работи во Амстердам. Неговиот уникатен пристап кон уметноста вклучува враќање на предметите и ликовите во нивната најосновна форма, додека го задржува нивното целосно чувство за личност.

Неговите илустрации се шармантни, полни со емоции, додека неговите дизајни за детски играчки, од друга страна, се за забава и разгорување на имагинацијата.

Спојувајќи ги своите вештини и во илустрацијата и во дизајнот на играчките, Боскардин создава парчиња кои се и разиграни и елегантни. Неговата способност да ја долови суштината на луѓето и животните со само неколку линии на многумина им изгледа лесна, но всушност е исклучителна вештина.

Инаку, настанот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и во соработка со Факултетот за ликовни уметности, Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.