На 14 февруари во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, а режија Александар Текелиев. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, за костимографијата се погрижи Лира Грабул, Климент Тодороски како концерт-мајстор, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во главната улога ќе настапи Сандра Митровска, Зоран Сотиров во улогата на Пинкертон, Марјан Јованоски во улогата на Шарплес, а во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Пучини вешто ги спојува елементите на западната и источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател.