Ашер ќе настапи на полувремето на Супербол

0
293
Reklama

Американскиот пејач Ашер ќе настапи на полувремето од финалето на 58. Супербол во Националната фудбалска лига (НФЛ), што ќе се одигра на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас.Во објавата, НФЛ нѐ потсети дека Ашер е осумкратен добитник на престижната музичка награда Греми: „Ашер е икона чија музика остави неизбришлива трага“.

Од објавувањето на неговиот деби албум во 1994 година, Ашер Рејмонд продаде над 80 милиони албуми ширум светот, беше на врвот на музичките топ-листи и освои осум Греми награди.