„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

0
336
Reklama

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода на 16 април, вторник, од 12 часот, „Суперхикс“ ги покануваат сите на слушачка, а и малку свирачка промоција на новиот албум „Сила и нервоза“.

„Истиот е снимен во студио ‘ТРА ЛА ЛА’ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на цеде формат и на сите музички платформи. Наскоро го очекуваме и печатењето на винилот за истиот“, велат од бендот.

Од таму посочуваат дека „Суперхикс“ оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј и ова е само една од активностите кои се подготвуваат.

„Секако, централната манифестација ќе се случи на 29 јуни, оваа година, во паркот кај салата Расадник каде ‘Суперхикс’ со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт. Ве очекуваме!“, стои во поканата не бендот.

Инаку, „Суперхикс“ вчера го објавија и својот прв сингл, правен заедно со „Фолтин“, како најава за истоимениот албум – „Сила и нервоза“.