Италијански дизајн во Скопје

0
264
Reklama

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули ан, со макстерклас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.

Истиот ден, во Чифте амам свечено ќе биде отворена изложбата на ADI Design Museum, посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата, кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети, и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.

На 15 март, во Ист гејт мол ќе се одржи модна ревија на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови ARMANI EXGANGE, PATRIZIA PEPE, TWIN SET, DAN JOHN, ERREA, REBECCA, JUST CAVALLI, FURLA, VERSACE, BENETTON со која ќе се отвори 28-та сезона на Фешн викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje).

Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот,  кои ќе можат лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.