Прв самостоен концерт на музичкото трио „21Век” во Младински културен центар

0
109
Reklama

Скопското музичко трио „21Век” по прославата од пет години од оформувањето, три студиски албуми и илијадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Денсинг салата на МКЦ на 1 септември 2023 (петок) со почеток во 21 часот.

„21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда”, „ХаХаХа”, „FxPxOx”), Раде Јордановски („FxPxOx”) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда”, „Фонија”, „My Tear”).

Музиката на 21Век претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк се до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како „поп музика вкоренета во длабок андерграунд”.

Песната „Ужасно ми фалиш’, прва на албумот “Си нацртав живот” (2021) се задржа долго време на репертоарот на домашните радио фреквенции, а токму албумот го доби епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови”.

Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми, „1” (2020), „2” (2020) и „Си нацртав живот“ (2021).

Како локална музичка поддршка на концертот ќе настапат музички групи од новиот домашен млад музички бран, “Мариналеда”, “Red18” и “Vagina Corporation”.