Reklama
Во кино-салата на училиштето „Јахја Кемал“ во Скопје денеска во 18 часот ќе биде промовирана монографијата „Лазо Јанчев – живот посветен на шахот“ од Мичо Јанчев.
За значењето на ова ретко издание ќе говорат Ана Дудановска, познатиот спортски коментатор Атанас Костовски, поранешниот претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија, Тито Петковски и Никола Димовски, а свое обраќање ќе има и авторот на монографијата, Мичо Јанчев.