Home Вести „Поврзување“ – концерт на Македонската филхармонија

„Поврзување“ – концерт на Македонската филхармонија

0
„Поврзување“ – концерт на Македонската филхармонија

„Поврзување“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот.

На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон.

Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара.