Никола Кимовски е новиот в.д. директор на Македонски народен театар

0
37
Reklama

Согласно решението од Министерството за култура потпишано од Зоран Љутков, новиот министер за култура, в.д. директор на Македонскиот народен театар (МНТ) од денеска е Никола Кимовски.

„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијта директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“, информираат од театарот.

Кимовски уште денеска ќе започне да ја извршува својата должност како директор на националната установа МНТ.