Концерт на „Бркови“ во МКЦ

0
193
Reklama

В петок, 6 октомври, во Младинскиот културен центар првпат ќе настапи хрватската панк-фолк велнес-атракцијата „Бркови“ со свој целовечерен самостоен концерт.

На овој концерт, кој „Бркови“ го исчекуваа повеќе од десет години, ќе биде промовиран нивниот нов албум „Крвава новчаница“, од кој ќе бидат изведени неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење.

Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено 8 студиски албуми. Нивните видеоспотови имаат неколкумилионски прегледи. Во претходните неколку години „Бркови“ прерасна во едни од најактивните бендови со концерти во републиките, а бележи и настапи во Европа, Велика Британија и Канада.Интересен е и фактот што на „Бркови“ минатата година му се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин Guitar World е прогласен за светски гитарист на годината во 2020 година.

Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МКЦ или на онлајн-линкот за продажба на билети по цена од 600 денари, а на денот на концертот билетот ќе изнесува 750 денари.