Голем музички хепенинг на 10 октомври во Паркот на франкофонијата

0
249
Reklama

Општина Центар најавува една нова музичка приказна, која своевремено ќе стане обележје на центраци, па и главниот град. „Нешто што ќе остане“ е музички хепенинг што Општина Центар го организира првпат и годинава тој ќе се одржи на 10 октомври во Паркот на франкофонијата со почеток од 19 часот.

На концерт на кој ќе настапат ДЈ Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, „Некст тајм’ и Диџеј Фиц, а целиот настан ќе го води и збогатува Вера Јанковиќ.

„Општина Центар како најурбана се стреми да ја подигне културата на повисоко ниво и сака да даде свој придонес во афирмирање на македонската музика, брендирање на општината и нашата земја преку испишување нова музичка приказна. „Нешто што ќе остане“ е таа приказна што ќе ни донесе нова свежина, нова енергија и позитивни чувства, кои некако како да ги оставивме настрана.