Home Вести „ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ ВО СРЕДА ВО НОБ – Кореографијата е на водечкиот руски кореограф Василиј Медведев

„ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ ВО СРЕДА ВО НОБ – Кореографијата е на водечкиот руски кореограф Василиј Медведев

0
„ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ ВО СРЕДА ВО НОБ – Кореографијата е на водечкиот руски кореограф Василиј Медведев

На 20 март со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци: Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.