Анѓелка Стевиќ Жугиќ во Скопје со својата нова комедија “Што пoвторно ме снајде”

0
175
Reklama

По впечатливиот успех на “Андрија и Анѓелка”, Анѓелка Стевиќ Жугиќ се враќа на театарската сцената со својата нова монодрама. Во ова забавно прикажување, публиката ќе има можност да го искуси животот по разводот преку очите на главниот лик, Јованка Јока Јаковљевиќ.

Со извонредната актерска способност на Анѓелка да ја оживее секоја сцена, оваа претстава ќе ве насмее и соочи со реалноста. Со низа од различни ликови и ситуации, “Што повторно ме снајде ” претставува вистински шоу за сите генерации.Премиерата ќе се одржи на 18 март во “Националната опера и балет” сала во Скопје, а организатор е ЈЕС Продукција. Не пропуштајте го овој забавен настап кој слатко ќе ве насмее и ќе ви остави непроценливи моменти за споделување.