Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“

0
244
Reklama

В четврток (7 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Сила“. Како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба и Лео Рондон на гитара, и двајцата од Венецуела, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Шпанија.

На концертот ќе се изведе симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е Пачо Флорес, кој е посветен на аргентинскиот композитор Астор Пјацола.

Мануел Ернандес-Силва дипломирал на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки. Диригент е на Виенскиот камерен оркестар. 

Критиката го оценува Флорес како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Лео Рондон е добитник на значајни награди во Венецуела и Колумбија како музичар на куатро гитара.