Осум претстави од Македонија, Хрватска, Словенија и Србија на 2-иот фестивал нс детски театри „Игор Маџиров“

0
235
Reklama

Осум претстави ќе се изведат на 2. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржи од 27 до 30 септември во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци (ТДМ), а мотото годинава е „Ослободи ја својата фантазија“.

„Лани за првпат се соочивме со овој адреналински предизвик кој за нашата институција значи запишување на мапата на светот на професионални фестивали на детски претстави и на ‘Игор Маџиров’“, рече директорката на Театарот, Катарина Илиевска-Силјановска, на денешната прес-конференеција.

Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, а наредните денови ќе се изведат: „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба“, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на гостите од Градскиот куклен театар од Ријека, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ЕРРОР 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.

Со жирито претседатва режисерот Тин Грабнар од Словенија, а членови се актерот Драган Довлев и театрологот Миливоје Млаѓеновиќ.  Новитет година е што воведува и детско жири, со 7 деца на возраст од 9-12 години.

Билетот за секоја поединечна претстава чини по 200 денари.