УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ

По повод првиот роденден на зрачиме македонски на нашето Урбан Фм Радио успешно го реализиравме нашиот прв УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ за оваа година.

Фестивалот имаше за цел максимално да се обиде да ја оддржи својата радиско музичка константа, да внесе нова авангардна културна содржина на Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност, уметност и најважно на голема сцена, на отворено да се слушнат бројни жанрови, поджанрови на музика, сцена која ќе биде најдобрата промоција на младите и талентирани артисти од земјата кои максимално ја заслужуваат својата застапеност во медиумскиот етер.

Она што беше куриозитет за УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ е дека целата програма ќе беше емитувана во живо на радиската фреквенција 90.8 на Урбан ФМ. Најавивмеми остваривме радиско маратонско уживање во кое беа вклучени сите изведувачи и артисти. На големата сцена беше поставено мобилното радиско студио во кое тимот на Урбан ФМ ќе ја емитуваше својата програма во живо, за сите да имаат можност да уживаат во фестивалската магија како на лице место, така и на нашата радиска фреквенција.

На првото издание настапија повеќе од 30 музичари и артисти :

ИзведувачИзведувачИзведувач
Роберт БилбиловПајакКристина Димитри
СириликТаскоАлександра Јанева
Сара МејсЈосифИнсерта
Тони ЗенФикшнПреку ред
Лара ИвановаСлавица АнгеловаДЈ Тасев
Теа ТрајковскаАлександар ТарабуновЈана Спирковска
ДимишДЈ ИнвиктозБони Китановска
Тијана ПериќВанскиПолина Тасева
Горазд НаневскиРед 18Фико
Марија СпасовскаИвона ЈоШаро
Јовче ПандевЗарина ПрвасевдаДЈ Фрики
Тамара ВолческаИвана КарајанДЈ Мартин Кај

УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ се случи на 9 јуни, почнувајќи од 17 ч. до полноќ, на познатата “Вембли точка”, пред стадионот во Градскиот Парк на отворено.

Она на што сме најсреќни и горди е дека со целосна поддршка од публиката и уметниците, Урбан ФМ радио успеа за една година да ја промени својата програмска понуда со македонска музика, прво радио кое ја надополни својата дневна содржина со подкасти кои се емитуваат истовремено на 90.8 и на YouTube каналот на Урбан ФМ Тв, кои ги водат млади и талентирани креативци кои се дел од субкултурата на нашата земја. Така што сега, за прв пат во Македонија се случува радиски медиум да организира фестивал на отворено, со целосна продукција потпирајќи се на нашата добро позната кауза и понатаму да бидеме најдобрата реклама на македонска музика и сцена.

Во продолжение погледнете ја фото архивата од настанот: